петок, 14 ноември 2025

Обвинителството влезе во старски домови, се истражува нехуман третман врз стари луѓе

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вонсемејна заштита, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот, информираа од Јавното обвинителство.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Од Обвинителството соопштија дека откако биле прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера биле извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари лица.

„Денеска се вршат претреси на уште две поврзани локации. До овој момент две лица се лишени од слобода. На лице место, покрај претставниците од МВР и обвинителството, присуствуваат и инспектори од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, како и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во акцијата се вклучени и претставници од Центрите за јавно здравје, доктори од Итната медицинска помош и од Институтот за судска медицина и криминалистика. Институциите продолжуваат со активности за утврдување на сите правно релевантни факти и евентуална одговорност во случајот“, информираа од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ