вторник, 19 мај 2026

Зголемен интересот за вакцини, вчера се вакцинирале 16 илјади граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците од Министерството за здравство, прва доза вакцина вчера примиле 8.914 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.020 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454.788 граѓани. 

Со последните бројки барем една доза вакцина примиле 66% од населението над 70 години, 64% од населението над 65 години, 60% од населението над 60 години и 50% од населението над 50 години.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктови низ државата, а процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. За закажување на термини за вакцинација на децата отворен е сајтот vakcinacija.mk.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ