среда, 20 мај 2026

Загинатите во пожарот во болницата во Тетово се на возраст од 29 до 79 години

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на целата ноќ, капацитетите на сите институции се целосно ангажирани, замолувам за трпение, истрагата трае. Донесовме одлука на нашите експерти им се придружуваат експерти од странство и барам сите уреди да бидат презентирани. Од одговорност нема никој да биде амнестиран. Во моментот кога се случил пожарот имало 26 пациенти и медицински персонал од 2 лекари и 4 медицински сестри. Оние 12 кои се преживеани, се хоспитализирани во болницата во Тетово и тие немаат повреди од пожарот. Починатите се на возраст од 29 до 79 години, а освен обдукции се прават и ДНК анализи за што се информирани и семејствата”, рече Филипче.

Министерот Филипче појасни дека истрагата треба да утврди дали објектот бил одржуван и раководен, а Министерството за здравство ќе соработува со истражните органи, а тоа треба да биде така и со останатите институции.

„Нашиот интерен увид покажа дека сите останати модуларни болници се со сертификати и се она што е вградено е со сертификат и под надзор на акредитирана компанија. Граѓаните и медиумите да не создаваат недоверба кон останатите модуларни болници кои што значат во оваа ковид-криза. Пожари се случуваат и тие можат да бидат предизвикани од многу фактори. Затоа треба да почекаме да заврши истрагата”, додаде Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ