сабота, 16 мај 2026

Во Македонија вакцинирани се 627.948 лица, 237.322 се ревакцинирани

Објавено на

часот

Сподели

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 390.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.493 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.084 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 627.948 дози вакцини, а ревакцинирани се 237.322 граѓани. 

Со последните бројки 53 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  50 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 45 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина. 

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во Арена А1 во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп“, соопшти Министерството за здравство и апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ