Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 22 ноември 2025 година на излезот од селото Боговиње, тетовско, каде пријавениот со своето возило му го пресекол патот на Н.И., кој се движел со патничко моторно возило.
Притоа, според пријавата, О.Ф. му упатувал закани со огнено оружје, по што со голема брзина продолжил кон автопатот.
Драмата продолжила и на наплатната станица Глумово, каде што осомничениот не застанал ниту на знак за запирање даден од полициски службеници, туку ја пробил и ја оштетил рампата на патарината.
Од СВР Тетово информираат дека против него е поднесена соодветна кривична пријава, а случајот се расчистува во координација со надлежното обвинителство.






