вторник, 19 мај 2026

Во државава вкупно се аплицирани 1.058.112 дози вакцини

Објавено на

часот

Сподели

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 586.384 граѓани. Прва доза вакцина во петокот и вчера примиле 13.950 граѓани, а втора доза, вкупно 8.636 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.058.112 дози вакцини, а ревакцинирани се 471.728 граѓани. Со последните бројки 67% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64% од населението над 65 години е вакцинирано со една доза вакцина, 60% од населението над 60 години е вакцинирано со една доза вакцина и 50% од населението над 50 години е вакцинирано со една доза вакцина“, соопштуваат од Министерството за здравство. 

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Од МЗ информираат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата и дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ