Оваа мерка на бугарските власти важи од 1 септември и се однесува на сите земји кои се на црвената листа поради ковид-19 пандемијата. Според бугарските здравствени власти оваа мерка ќе важи до 30 ноември. Македонија е во црвената зона на земји, заедно со САД, Индија, Бангладеш, Непал, Шри Ланка, Туркменистан, Монголија, Колумбија, Уругвај, Аргентина, Куба, Косово, Црна Гора и други.
Од оваа одлука изземени се високи државни претставници, медицински лица, вработени во хуманитарни организации, лица кои бараат бугарско државјанство, граѓаните на земјите членки на ЕУ, сезонски земјоделски работници и работници во областа на туризмот.






