Министеството вели дека барем со една доза се вакцинирани 66 проценти од граѓаните на возраст од над 70 години, 63 проценти од граѓаните постари од 65 години, 59 проценти од населението над 60 години и 48 проценти од постарите од 50 години.
„Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата“, пишува во соопштението на Министерството.






