недела, 17 мај 2026

Вчера прва доза вакцина примиле 6.413, вкупно се вакцинирале 9.335 лица

Објавено на

часот

Сподели

Со последните бројки, барем една доза имаат примено 56% од населението над 70 години, 53% од населението над 65 години, како и 49% од населението над 60 години. Од Министерството велат дека е голем интересот за вакцинација без закажан термин, а со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица што сакаат да се вакцинираат, во пунктовите во Здравствените домови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ