Граѓаните на Битола и Ресен се вакцинирани со барем една доза во процент од 46,3% и 46,7%. Понатаму, процентите на опфатеност со барем една доза на вакцниа опаѓаат во Берово 44,1%, Пехчево 43%, Штип 43,1% и Валандово 40,5%.
Помеѓу 30-40% има опфат со вакцинација со барем една доза во градовите Д.Хисар, Велес, Св.Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Прилеп, Крушево, Скопје и Пробиштип.
Вакцинацијата се одвива непречено во сите градови низ државата. Се вакцинира населението над 16 годишна возраст и без закажан термин.
32% од полнолетното население на територијата на целата држава е веќе имунизирано со барем една доза на вакцина.
Заинтересираноста за вакцинација помеѓу граѓаните и натаму расте. Вакцини има доволно, повикуваме на што поголемо вклучување во процесот на имунизација на населението со што заеднички се стремиме кон спречување на проширување на новиот сој на вирусот, соопшти Министерството за здравство.






