Тој ја потврдил информацијата и изјавил дека неговиот сомнеж е дека токму тоа што го обелоденил навидум наивниот настан со погрешно испишаната табла, претставувало основа да биде отпуштен од работа.
Иако формално-правно причините за отказот се поинакви, проблемите почнале да се случуваат еден ден по фотографирањето на таблата, кога доктор Гроздановски добил решение за прераспределување во друга поликлиника – онаа на Бит-пазар.
Бидејќи доктор Гроздановски формирал невролошки кабинет во поликлиниката „Букурешт”, а во оваа здравствена установа имало само двајца лекари од специјалноста неврологија, од кои другата колешка била многу помлада од Гроздановски, тој одбил да биде прераспределен, по што настапил отказот.
„Пишува дека неоправдано сум изостанал три работни дена, на 26, 27 и 28 јули. Последен ден што бев на работа, беше во саботата на 24 јули. Дојдов во „Букурешт” додека бев на одмор во петокот и бев блокиран, не можев да влезам во системот. Веќе ме префрлиле на Бит-пазар. Од понеделникот, се разбира, не отидов на Бит-пазар и веднаш ми дале отказ и ме одјавија, така што сега сум невработен доктор специјалист по неврологија на три години пред пензија. Е, тоа е мојата приказна. Како одеднаш од таков професионалец невролог, како што ме нарекуваше директорот, добив експресен отказ за три дена без да бидам викнат на разговор и без да се најде решение“, вели доктор Гроздановски.






