вторник, 19 мај 2026

Поради наплив на заразени со ковид во Тетово се размислува за дополнителни локални мерки

Објавено на

часот

Сподели

„На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во село Лешок, а доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје“, се истакнува во соопштението од Министерството за здравство.

Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар ќе биде распореден во најкус рок.

Министерството за здравство размислува и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре, се посочува во соопштението. 

Министерството апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита со цел спречување на понатамошно влошување на состојбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ