среда, 20 мај 2026

По серијата оставки, се очекува и Венко Филипче да соопшти дека се повлекува

Објавено на

часот

Сподели

Денеска оставка поднесе и заменик министерот за здравство Илир Хасани, а претходно и директорот на Клиничката болница во Тетово, Фљорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми.

Вчера Филипче изјавуваше дека не размислува да даде оставка, дека ќе ги чека резултатите од истрагата, па дури потоа ќе може да се зборува за нечија одговорност. Тој рече дека има уште многу да се менаџира и во однос на овој случај, но со епидемијата воопшто.

Филипче на вчерашната конференција за медиумите тврдеше дека материјалите вградени во модуларната болница во Тетово биле огноотпорни со сите потребни сертификати и атести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ