„Тимот на д-р Александар Трајановски изведе сложена операција кај 40 годишна пациентка од Штип, која минатата година при сообраќајна незгода се здобила со скршеница на десната бутна коска. Поради незараснување на скршеницата кај пацентката, денеска на тоа место и беше трансплантирано коскено ткиво од починат донор. Ова е втора трансплантација на коскено ткиво од починат донор на оваа клиника. Пред два месеци беше трансплантирана коска кај млада пациентка која се лекува од малигна болест на коските. Уште еднаш благодароност до семејството на донор за нивниот хуман гест и до тимот на лекари кои ја направија трансплантацијата. На пациентката и посакуваме брзо опоравување”, напиша Филипче.
Пациентка која лани настрадала во сообраќајка доби коскено ткиво од починат донор

ТОП ВЕСТИ





