„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело малтретирање во вршење на службата. Пријавените, полициски службеници во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 19 април околу 03:00 часот при вршење службени дејствија, употребиле прекумерна физичка сила и нанеле повреди на лице лишено од слобода“, наведува МВР.
Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работната дисциплина.






