Анализата на вакцинираните лица покажува дека во истиот период 75 отсто од позитивните на ковид-19 или 25.570 лица не биле вакцинирани. Што се однесува до бројот на хоспитализираните во овој период, 80 проценти од нив не биле вакцинирани, а 20 отсто биле целосно вакцнирани, односно примиле две дози вакцина и поминале 14 дена од втората.
Анализата, како што соопшти Министерството за здравство, покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема и во периодот од 6.08 до 23.09.2021 на територија на државата починале 1.033 лица со ковид-19, 888 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 14%, односно 145 лица примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Инаку, пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.






