Според Министерството за здравство, пациентката на Инфективната клиника била донесена со многу тешка клиничка, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката 10 дена имала тегоби. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас. Епидемиолошката анкета е позитивна односно, според кажувањата на таткото на пациентката, нејзината мајка е почината со ковид-19, информираат од Министерството за здравство.
Како што дознаваме, пацинетката имала 111 килограми.






