среда, 20 мај 2026

МЗ: Нема да се мешаме во истрагата, ќе ја дадеме целата документација за модуларните болници

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за здравство во соопштението наведува дека им стои на располагање на сите институции и дека сака да соработува и да ја приложи целокупната документација со која располага за поставувањето на сите 17 регионални ковид центри. Наведено е за каква документација станува збор:

„Стручни технички извештаи од извршените испитувања на отпорите на заштитното заземјување, испитување на непрекинатоста на заштитниот проводник и отпорите на распространување на инсталацијата за заштита од атмосферски празнења, сертификати за тестирање и квалитет на материјалите кои се вградени во префабрикуваните модуларни контејнери, сертификати за ѕидни и кровни панели, за подови, известувања за извршена хидро проба и тестирање на инсталираната водоводна мрежа, известувања за исполнетост на минимални технички барања во однос на конструкција, плафони, столарија, греење и ладење, инсталации и подови, изјава за сообразност, записници од примопредавање на префабрикуваните модуларни контејнери-регионални ковид центри, решенија за пренесување на вредност на модуларни контејнери, како и решенија за пренесување на вредност на инвентар и немедицинска опрема на болниците се достапни за увид“.

Министерството за здравство информира дека „откако изведувачот ќе ги поставеше модуларните контејнери се вршеше примопредавање на истите“, а дека примпредавањеето го извршувале инженери од министерствата за здравство и за труд и социјална политика, како и претставници од изведувачот и од болниците, „со што модуларните контејнери се предаваа на болниците во целост согласно техничките спецификации од договорот“.

Министерството за здравство во соопштението наведува дека не сака да се меша во јавно обвинителските одлуки и дејствувања, ниту да наштети на истрагата што ја водат Основното јавно обвинителство и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

„По претходна нивна дозвола, документацијата со која располагаме подготвени сме да ја доставиме на увид“, велат од Министерството за здравство.

Фото: Роберт Атанасовски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ