петок, 22 мај 2026

Имаме три сценарија, но најдобро е сите ученици да се вратат во училиштата, вели Царовска

Објавено на

часот

Сподели

Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека тоа е најдоброто сценарио во Владата, но за тоа ќе одлучува Комисијата за заразни болести.

„За тоа ќе одлучува Комисијата за заразни болести, но сите очекуваме состојбата во летниот период и во септември биде добра и затоа очекуваме ова сценарио да биде спроведливо“, изјави Царовска.

Таа сепак додава дека Министерството за образование и наука е подготвено и за две други сценарија. Според едното, наставата ќе биде како и во 2020/2021 – дел со физичко присуство и дел на онлајн-настава, а другото е за не многу критична состојба, поделба во групи односно ротирање на учениците на една недела за физичко присуство во училиштата за да нема нивно целосно затворање.

„За трите сценарија, МОН заедно со локалните самоуправи и директорите ќе биде подготвено на 1 септември. Но сите ние очекуваме и сакаме 1 септември да го почнеме со сите ученици во клупи, секако согласно здравствени протоколи, но значајно е наставата да се одвива во училниците“, рече Царовска и соопшти дека МОН презентирал материјал за кој се дискутирало денеска на состанок на Главниот координатовен штаб.

На новинарски прашања при отворање спортска сала во ОУ „Јоаким Крчоски“ во Волково, Царовска одговори и дека одложеното доделување на свидетелствата е во рамки на законските рокови зашто крајот на учебната година е 31 август.

Таа кажа дека надлежно за документи од педагошката евиденција е Бирото за развој на образованието кое, како што рече, има обврска до крајот на учебната година (31 август) да ги додели свидетелствата.

„Сметам дека тие се целосно во своите рокови. Исто и минатата година имаа одлука да ги доделат на крајот од учебната година и таква одлука донеле и овојпат“, рече Царовска, додавајќи дека свидетелствата секако ќе ги добијат учениците кои треба да се запишат во средно училиште и на факултет, односно полуматурантите и матурантите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ