„Вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека едно лице дошло, ја зело и потоа во возило „форд“ ја ставило наводно неговата мајка, претходно почината од ковид -19 и со возилото се оддалечило од местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на тетовската полиција.
Починатата жена е на 72 години. Во текот на денот ковид-центарот информираа дека имаат само смртен случај на починато лице поради коронавирус.






