четврток, 21 мај 2026

Епидемијата со ковид-19 не стивнува, намален интересот за вакцинација, протоколите „олабавени“

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на неделава што изминува нема показатели дека се намалува бројот на новозаразени со ковид-19, а бројот на смртни случаи со секој извештај на Институтот за јавно здравје е двоцифрен. 

Интересот за вакцинација од ден  на ден се намалува. Најмногу на удар на делта сојот на вирусот сега е помладата популација, а токму таа е и најмалку имунизирана. Според податоците на Министерството за здравство, само 32 проценти од возрасната група од 19 – 39 години е вакцинирана барем со една доза на вакцина.

Додека вирусот не се предава, власта размислува за олеснување на дел од рестриктивните мерки.

Но, тоа што најмогу боде очи е што здравствените протоколи не се почитуваат на речиси ниеден партиски собир и митинг. Ниту се бара потврда за вакцинација, ниту се носат маски на собирите.

Како што вчера соопшти Министерството за здравство, направени биле вкупно 4.295 тестирања, а регистрирани се 468 нови случаи на ковид- 19. Од нив најмногу има во Скопје – 227, Куманово – 41, Штип – 26, Велес и Охрид – по 23, Кавадарци – 16, Струмица – 13, Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 11…

Регистрирани сe 284 оздравени пациенти од: Скопје – 149, Куманово – 28, Кавадарци – 14, Велес – 13, Битола – 10, Шип – 9, Струмица, Кичево и Гостивар – по 7, Прилеп и Кочани – по 6,Свети Николе и Валандово – по5, Гевгелија, Виница и Кратово – по 3, Делчево и Неготино – по 2, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се седум починати лица: две починати лица од Скопје (61г, и 91г), по едно починато лице од Кочани (74г), Виница (69г), Кичево (56г), Прилеп (73г), и Струмица (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин”, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 15.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Битола и едно лице од Скопје, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Досега во земјава се направени вкупно 1.297.190 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.288, бројката на оздравени пациенти е 173.332, на починати е 6.694, а бројот на активни случаи изнесува 12.262.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ