
„Министерството за здравство излезе со став дека во моментов не препорачуваат промена на моделот на настава, но дека подготвуваат скрининг на ученици“, рече Царовска, одговарајќи на новинарски прашања по првиот академски час на Природно-математичкиот факултет на УКИМ.
Според неа, МОН е дневно во комуникација со Комисијата за заразни болести и со Министерството за здравство и кога процесот ќе почне, јавноста ќе биде информирана.
Министерството за здравство на 23 септември најави методологијата за спроведување скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта со брзи антигенски тестови за ковид-19.






