Најмногу нови случаи се регистрирани во Тетово – 13, Скопје – 12, Велес – 3, Гостивар, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Свети Николе и Делчево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 949.011 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.054, бројката на оздравени пациенти е 150.273, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 292 (Скопје 104, Куманово 29, Прилеп 5, Тетово 93, Велес 4, Гостивар 21, Кавадарци 1, Охрид 5, Штип 4, Струмица 5, Струга 4, Кочани 3, Кичево 6, Гевгелија 1, Свети 1, Делчево 1 и Дебар 5).






