Новозаразените се во Скопје – 6, Тетово – 5, Куманово – 3, Прилеп и Кичево – по 2, Битола, Охрид, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1. Регистрирани сe и 6 оздравени пациенти, Скопје – 4 и од Тетово и Струмица по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 953.144 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.078, бројката на оздравени пациенти е 150.276, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 310.






