петок, 14 ноември 2025
Време

Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

И утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и дневни температури од 12 до 17 Целзиусови степени. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ