среда, 3 јуни 2026

Нови дишни апарати за пожарникарите во Македонска Каменица

Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица доби пет нови изолациони (дишни) апарати, со што се зајакнуваат капацитетите на единицата за интервенции во услови на пожар, чад и други опасни ситуации.

Објавено на

часот

Сподели

Опремата, како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова, е од производителот „Дрегер“, а е набавена преку компанијата „Армор Плус“ од Скопје во вкупна вредност од 585.000 денари со вклучен ДДВ.

При посетата на Територијалната противпожарна единица, Стаменкова, истакна дека инвестицијата претставува дел од континуираните активности на локалната самоуправа за подобрување на условите за работа на пожарникарите.

„Нашите пожарникари секојдневно се изложуваат на ризик за да спасуваат човечки животи и материјални добра. Затоа, наша обврска е да им обезбедиме современи средства и соодветни услови за работа што ќе им овозможат максимална заштита при извршувањето на нивната задача. Оваа опрема ќе придонесе за побезбедно и поефикасно дејствување на терен“, изјави Стаменкова.

Таа нагласи дека Општина Македонска Каменица останува посветена на континуирано вложување во противпожарната заштита и најави дека до крајот на годината е предвидена набавка на дополнителна опрема и средства за потребите на ТППЕ.

Според Стаменкова, со ваквите инвестиции се зајакнуваат оперативните капацитети и подготвеноста на единицата за брза и ефикасна реакција во итни ситуации.

„Силна и добро опремена противпожарна единица значи посигурна и побезбедна Македонска Каменица за сите граѓани“, порача градоначалничката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ