Како што соопшти полицијата, на 2 јуни во 11:10 часот во СВР Тетово било пријавено од Медицинскиот центар во Гостивар дека кај нив биле донесени повредените Х.С. (60) и Р.Р. (36), двајцата од Гостивар.
Според пријавеното, тие ги добиле повредите додека работеле за приватна компанија во гостиварската населба „Шеста зона“.
Поради сериозноста на повредите, Х.С. бил префрлен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека Р.Р. бил задржан на лекување во Медицинскиот центар во Гостивар.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Гостивар и инспектор од Државниот инспекторат за труд. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.






