среда, 3 јуни 2026

Муцунски: Секоја нова странска инвестиција е придонес кон економскиот раст

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со претставници на Француската бизнис-конфедерација, на која разговарале за можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, привлекување нови инвестиции и развој на партнерства во области со висок потенцијал за раст.

Објавено на

часот

Сподели

Муцунски, како што објави на социјалните мрежи, на средбата се осврнал на приоритетите на Владата во делот на економскиот развој и инвестициите, при што ја нагласил подготвеноста на институциите да бидат силен и сигурен партнер на сите компании што сакаат да инвестираат и да придонесат кон економскиот развој на државата.

„Посочив дека секоја нова странска инвестиција претставува значаен придонес кон економскиот раст, отворањето нови можности и создавањето услови за одржлив развој. Претставниците на Француската бизнис-конфедерација го потврдија интересот на француските компании за натамошна соработка и нови инвестиции, а со тоа и за дополнително зајакнување на економските односи меѓу двете земји“, нагласува Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ