среда, 3 јуни 2026

Турците организираа спектакуларно испраќање за фудбалерите на СП (ФОТО)

Еуфоријата во Турција пред почетокот на Светското е огромна и тоа се виде на пријателската средба против Македонија во Истанбул која се одигра пред полни трибини. Турците славеа со убедливи 4-0 и имаа перфектно испраќање, меѓутоа сега добија нова „доза“ на поддршка.

Објавено на

часот

Сподели

Националниот тим беше испратен на Мундијалот со неверојатно кортео. Во организација на еден од спонзорите кој е автомобилски бренд, со одбележани автомобили со турски знамиња беше режирано спектакуларно испраќање. Освен тоа, се приклучија и многу навивачи кои возеа зад фудбалерите до аеродромот.

Турција пред заминувањето во Северна Америка ќе одигра уште еден контролен натпревар против Венецуела, по што целосно ќе се насочи кон настапот на Светското првенство.

На Мундијалот Турците ќе се натпреваруваат во група со Австралија, Парагвај и САД, каде што ќе се обидат да обезбедат место во нокаут фазата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @millitakimlar

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ