Како што посочува Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, на овој форум присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите членки на Европската Унија, како и од земјите кандидати за членство.
Седницата, како што напиша во објавата, претставува можност за размена на искуства, зајакнување на соработката меѓу општините и дискусија за предизвиците поврзани со процесот на европска интеграција, со посебен фокус на улогата на локалната власт во овој процес.
„Интеграцијата во Европската Унија останува стратешки приоритет на Македонија, а општините имаат клучна улога и во евроинтеграцискиот процес и во спроведувањето на реформите. Тие се директни партнери во приближувањето на локалните стандарди кон европските и во исполнувањето на агендата за интеграција. Во тој контекст, дискусиите ги насочивме кон патот до членство, продолжувањето на реформите и зајакнувањето на улогата на локалната власт како важна алка што ја приближува нашата земја кон европското семејство“, нагласува градоначалникот Ѓорѓиевски.






