среда, 3 јуни 2026

Филмска магија под отворено небо: „Патувачкото кино“ ја исполнува општина Центар

Со многу детска радост, дружење и убава атмосфера започна „Патувачкото кино“ во Општина Центар, кое овие денови носи филмски содржини на отворено во повеќе населби.

Објавено на

часот

Сподели

Паркот во Капиштец и просторот кај ООУ Кочо Рацин вчера беа исполнети со деца и родители кои ја следеа проекцијата на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека ваквите настани ги оживуваат јавните простори и создаваат позитивни навики кај најмладите.

„Ми е драго кога гледам дека парковите стануваат места за дружење, смеа и учење на вистински вредности“, порача тој, додавајќи дека целта е децата да добијат квалитетна и едукативна содржина надвор од домовите.

„Патувачкото кино“ продолжува и во наредните денови низ центарските маала, со проекции на повеќе локации.

Вечерва програмата ќе се одвива на две места: во 20:00 часот на игралиштето на ООУ Ј. Х. Песталоци, а во 21:00 часот на „Плочник“ во Градски ѕид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ