среда, 3 јуни 2026

Димитриевски блескаше сезонава, Валенсија ги избра неговите пет најдобри одбрани (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски има причина за задоволство по успешната сезона во дресот на Валенсија. Според информациите кои доаѓаат од Шпанија, клубот од „Местаља“ решил да ја продолжи соработката со искусниот чувар на мрежата до 2028 година.
Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Димитриевски ја започна сезоната во втор план, но по повредата на Јулен Агирезабала доби шанса која максимално ја искористи. Со сигурните настапи и важните интервенции брзо се наметна како еден од клучните играчи на Валенсија.

Во завршницата од сезоната, македонскиот голман беше меѓу најзаслужните за големиот пресврт на тимот, кој по лошиот старт успеа да се искачи до деветтото место на табелата.

По прикажаното, очекувањата се дека македонскиот репрезентативец и во новата сезона ќе ја има улогата на прв избор на голот на шпанскиот клуб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ