Тетовска Шкендија доби најголема казна поради повеќе фактори. „Црвено-црните“ се казнува со 105.000 евра по повеќе основи. Клубот доби казни и тоа: 15.000 евра за пиротехника, уште 10.000 евра за националистички скандирања, уште 20.000 евра за истакнат транспарент и уште две казни од по 30.000 евра поради одбивањето да ги примат медалите и непочитување кон официјалните лица, противникот и свиркањето на националната химна.
Уште еден голем удар за Шкеднија е исфрлањето од следната сезона на Купот на Македонија.
Казна доби и Силекс, но во висина од 5.000 евра поради пиротехнички средства во финалето.
Исто така, санкциониран е и ФК Вардар со 15.000 евра поради навредливо скандирање на навивачите и несоодветна прослава на титулата. Покрај тоа, против клубот е отворена дисциплинска постапка поради пиротехника на последниот натпревар со Шкендија.






