Како што соопшти МВР, контролите ќе бидат фокусирани на користење соодветна заштитна опрема, техничката исправност на возилата, правото на управување, како и почитување на сообраќајните правила и прописи.
„Имајќи предвид дека се наоѓаме во период кога поради топлите денови овие возила интензивно учествуваат во сообраќајот, сообраќајната полиција ќе презема засилени контроли со превентивно-репресивни мерки на патиштата низ целата држава“, велат оттаму.
Целта на акцијата е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.
Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да придонесат за зачувување на сопствената и безбедноста на останатите.






