среда, 3 јуни 2026

Жена тешко повредена по пад во струшко, се удрила во товарно возило

Седумдесет и тригодишна жена од Струга се здобила со тешки телесни повреди во несреќен случај што се случил во населбата Плитишта, струшко.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, на 2 јуни околу 13 часот во ОВР Струга било пријавено од Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид дека кај нив била донесена повредената С.С. (73) од Струга.

Според пријавеното, жената додека се движела во населбата Плитишта изгубила свест, по што паднала и се удрила во товарно возило ивеко со струшки регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот И.И. од селото Радолишта.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа од ОВР Струга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ