сабота, 6 јуни 2026

Ништо ново и од последниот состанок на македонските и бугарските историчари

И овој состанок помина на вообичаен начин – без резултати. Вака бугарски членови на Заедничкиот мултидисциплинарен експертски комитет за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, го искоментираа последниот состанок во Скопје, пренесува БТА.

Објавено на

часот

Сподели

Спотед БТА, членовите од македонскиот дел од комисијата одбиле да го усвојат текстот на препораката за претставување на Охридската архиепископија во учебниците за 7 одделение во Македонија, што, наводно било договорено во јуни 2024 година.

Вчера бугарските претставници ги запознале колегите од Македонија со текстот на извештајот за напредокот на ЕП за Македонија, усвоен од Комитетот за надворешни работи на 3 јуни, кој директно се однесува на работата на историскиот комитет.

„Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија е силно охрабрена да постигне јасни и опипливи резултати; текстовите треба да го одразуваат толкувањето на историските факти и личности од заедничката историја на двата народа, врз основа на објективни, автентични и засновани на докази историски извори и документи, научно толкување и историски документи, како што е постулирано во вториот протокол кон Договорот за добрососедство со Бугарија“, се вели во компромисот усвоен од Комитетот за надворешни работи.

Следниот состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања ќе се одржи во Софија во септември.

Заедничката историска комисија во 2019 година усвои препораки за заедничко одбележување на пет историски личности – Светите браќа Кирил и Методиј, Свети Наум Охридски, Свети Климент Охридски и цар Самуил, како и препораки за измени во учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петто одделение во Бугарија, пренесува БТА.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ