четврток, 16 април 2026

Николоски: Догодина ќе се вози на автопатот Прилеп – Битола, а летово ќе биде пуштен меѓуградскиот воз

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола се одвива одлично и од изведувачот добив ветување дека следната пролет ќе се вози на првите километри, како и дека пролетта 2029 година, пред рокот, ќе имаме целосно автопатско решение од Прилеп до Битола – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Аександар Николоски пред средбата со регоналните стопански комори од Битола и Прилеп.

Објавено на

часот

Сподели

Николоски најави дека со „МЖ Инфаструктура“ и „МЖ Транспорт“ се работи во јуни годинава да биде пуштен меѓуградски воз на релацијата Прилеп – Битола – Жабени со промотивна цена од 150 денари за повратен билет.

„Се работи и на проектирање обиколница на Прилеп, во сериозна фаза е проектот за парно во Битола, како и активностите за гасификацијата помеѓу Прилеп и Битола“,  рече Николоски.

Пред средбата со стопанствениците Николоски изврши увид во работите на терен за изградбата на автопатот Прилеп – Битола и, како што посочи, сите предизвици што се појавуваат на трасата на автопатот се надминуваат со добра координација на институциите и изведувачот. Интензивно се работи на 22 километри пробиена траса од вкупно 40 километри или на 55 проценти од вкупно предвидената траса.

Според Николоски, изградбата се реализира во согласност со динамичкиот план, покрај земјените работи, на трасата се работи на 2 моста, 2 потпатника, 1 натпатник и 1 клучка. Во завршна фаза се работите на потпатникот кај населеното место Алинци, потпатникот под регионалниот пат R1101 и натпатникот кај село Ново Лагово. Исто така, забрзани градежни активности има и кај населените места Тополчани и Вашарејца.

„Во овој момент, според диманичкиот план и оперативните потреби, на терен се работи со над 75 машини и механизација. Во однос на експропријацијата, беше истакнато дека од вкупно 1.263 предмети, досега решени се 1.204, а во постапка се уште 59 предмети, што беше заклучено дека експропријацијата се реализира забрзано“, вели Николоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ