Како што соопшти МВР, лишено од слобода за безобѕирно управување на возило е 21 лицe, од кои пет за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола, пет поради претходно изречена забрана за управување на возило.
Во истиот период одземени се седум возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 176 прекршоци за неправилно паркирање, како и 45 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 15 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и девет пешаци. Исто така санкционирани се 75 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 11 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а едно заради техничка неисправност. Санкционирани се и двајца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
МВР информира дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.






