„Денеска во 10:40 часот, по претходна пријава за лице кое сака да се самоубие, полициски службеници од СВР Куманово заедно со екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово спасија 34-годишно лице од кумановско, кое се обидело да се фрли од ‘Искрин мост’ во Куманово“, велат од МВР.
По преземени мерки, додаваат, лицето е убедено да се откаже од намерата, по што е пренесено во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош.
„Го спасивте, па го објавивте“, се дел од коментарите на социјалните мрежи под објавата на фотографиите.






