Како што соопшти МНРиНТ, за време на посетата, која се реализира на покана на министерот Конаковиќ, се очекува да бидат потврдени одличните билатерални односи и континуираната соработка во областите од заемен интерес.
На средбата се очекува да стане збор за европската перспектива на регионот и процесот на интеграција во Европската Унија.
Од Министерството додаваат дека во разговорите ќе бидат разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план, со посебен акцент на унапредувањето на надворешната трговија.






