понеделник, 28 април 2025

МСПДМ: Осуда на насилството врз социјалните работници, започната постапката за физичко обезбедување на сите центри за социјална заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади го осудува секој чин на насилно однесување или каква било друга форма на однесување со која физичката и психичката состојба на вработените во центрите за социјална работа е ставена во ризик и најавува дека презема мерки за нивна заштита.

Објавено на

часот

Сподели

„Земајќи ја предвид сензитивноста на работните задачи на вработените во центрите за социјална работа кои се секојдневно изложени на ризик по сопственото здравје и живот, а во насока на нивна заштита, министерството и пред да се случи немилиот настан во Центарот за социјални работи Прилеп, ја започна постапката за физичко обезбедување на сите центри и јавни установи за социјална заштита на ниво на држава. Оваа постапка е во завршна фаза, што значи дека наскоро ќе биде објавен и јавниот оглас за јавна набавка“, велат од Министерството.

Оттаму апелираат до сите институции навремено и ефикасно да се преземаат дејствијата кои се во рамки на нивните надлежности, а во насока на обезбедување на безбедност и сигурност на работните места на сите вработени.

Министерството изразува жалење за немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп и на повредената вработена во истиот и посакува брзо закрепнување. Истовремено, изразува и убедување дека сè што е во рамки на надлежностите на министерството се презема и оти така и ќе продолжи во иднина.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ