„Се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечките сомневања за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија.
Во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции.
Јавниот сервис им се извинува на граѓаните за неможноста да ги следат централните информативни изданија на нашата програма. Продолжуваме да известуваме навремено и објективно, во интерес на јавноста“, соопшти МРТВ.






