вторник, 21 април 2026

Министерката Јаневска чека Филиозофскиот факултет да постапи за нерегуларностите при упис на магистерски и докторски студии, по написот на МКД.мк

Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје треба да постапи по заклучоците на Државниот просветен иснпекторат (ДПИ), кој при извршен надзор констатирал нерегуларности при упис на студенти на магистерски и на докторски студии.

Објавено на

часот

Сподели

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска соопшти дека Филозофскиот факултет на УКИМ веќе постапува по заклучоците на ДПИ и таа чека извештај, по што ќе донесе конечно решение во врска со случајот.

„Констаторани се нерегуларности на Филозофскиот факултет, но не при упис на додипломски, туку за упис на втор и на трет циклус студии. Државниот просветен иснпекторат постапуваше, донесе заклучоци, го информираше факултетот, кој треба да постапи. Колку што ми е познато, факултетот постапува и јас го чекам конечниот извештај, за кога ќе помине рокот за постапување, како министер овластен во таа област, да го донесам и конечното решение“, изјави министерката Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред отворањето на настанот „Зеленикс – од предизвик до иновација”, организиран од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.

Како што објави МКД.мк, студенти без завршени додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии, односно не биле исполнети условите од Законот за високото образование. Тоа било откриено од Државниот просветен инпекторат и на запишаните студенти  им биле прекинати студиите.

Се работи за десетина запишани студенти на магистерски и на докторски студии, на кои по интервенција на инспекторите им биле прекинати студиите, а тие сега бараат враќање на парите што ги дале за упис на  втор односно на трет циклус студии.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ