понеделник, 17 ноември 2025
Локални избори 2025

Минчев: Центар е последното гнездо на бизнисот на двоецот Венко – Заев, поддржанo од Герасимовски

Нашиот претседател и актуелен градоначалник на Куманово, господинот Максим Димитриевски, реализираше над 800 капитални инвестиции во изминатите години. Граѓаните тоа го препознаа и во првиот круг му дадоа огромна поддршка со разлика од околу 11.000 гласа. Очекуваме дека таа разлика во вториот круг ќе биде уште поголема, затоа што граѓаните знаат кој може во континуитет да го води Куманово стабилно, чесно и со резултати, изјави за ТВ Сител генералниот секретар на движењето ЗНАМ, Горан Минчев.

Објавено на

часот

Сподели

Тој нагласи дека ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат конструктивно партнерство во рамки на Владата, кое се темели на заеднички цели и резултати.
„Ние градиме партнерска политика со нашиот коалициски партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ. Ги очекуваме и нивните гласови, како што и ние дадовме поддршка на нивните кандидати во другите општини. Тие 33 општини кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ се резултат и на нашата поддршка“, додаде тој.
Минчев истакна дека резултатот во Куманово ја покажа катастрофата на СДСМ, партија која не само што не успеа да влезе во втор круг, туку падна на четвртото место во градот.
Дополнително, Минчев се осврна и на состојбата во Општина Центар, која ја опиша како последното гнездо на овозможување на бизнисите на двоецот Филипче – Заев, потпомогнато, како што рече, од актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.
„Во моментов Центар е една од општините што најбрзо издава градежни одобренија. За време на мандатот на Герасимовски се издадени над 300 одобренија за градба, што остава огромен простор за сомнеж во нетранспарентни зделки и корупција.
Зад тие градежни бизниси стојат неколку компании поврзани со Герасимовски, Филипче и Заев. Првиот ешалон е бизнис-кругот што профитира од градбите, вториот ешалон се луѓе во самата општина, задолжени за занаетчиски работи, фасади, плочки, инсталации. Тоа е класичен модел на корупција и клиентелизам“, нагласи тој, додавајќи дека граѓаните во Центар се разочарани од ваквиот начин на владеење.
„Ако ги погледнете резултатите, 68 проценти од граѓаните се изјаснија против политиките на Горан Герасимовски. Тоа е сигнал дека Центар сака промена, а не продолжение на криминалните урбанистички политики“, заклучи Минчев.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ