петок, 11 јули 2025

Мицкоски: Нема да има милост, ќе одговара секој за масовното убиство во Кочани

Ќе биде отворена сметка за донации по трагичната несреќа во Кочани. По денешниот состанок во Владата, како што изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се знае како таа помош ќе биде канализирана. Мицкоски порача „никој да не се обидува да игра на политиканство и етничка основа“, бидејќи како што рече нема да има милост и секој ќе одговара. Тој нагласи дека нема да има милост и го нарече настанот во Кочани масовно убиство, за кое што рече некој дозволил да се случи за пари и корупција.

Објавено на

часот

Сподели

По посетата на пациентите што се хоспитализирани на Клиничкиот центар во Скопје, премиерот изрази благодарност до сите држави кои понудија помош.

„Борбата ќе продолжи во деновите што следат. Министерот напомена сите оние кои биле во и околу објектот на овој ужасен настан да се пријават на доктор и да побараат медицинска помош затоа што може да има ефекти после неколку дена. Се прават натчовечки напрои за да бидат сите пациенти стабилни и да си одат дома во полна здравствена кондиција и состојба. Како Влада остануваме фокусирани“, рече Мицкоски.

Владата, како што најави, денеска ќе одржи два состаноци, еден во 14 часот и еден во 17 часот.

Мицкоски порача „никој да не се обидува да игра на политиканство и етничка основа“, бидејќи како што рече нема да има милост и секој ќе одговара.

Мицкоски нагласи дека нема да има милост и го нарече настанот во Кочани масовно убиство, за кое што рече некој дозволил да се случи за пари и корупција.

„Нѐ очекува многу работа. Очигледно дека некој не си ја вршел работата и сега се обидува под наводно некаква политизација да ја затскрие криминалната работа која што ја правел изминатите години додека раководел со таа институција. Нема да има милост. Кој сака нека биде, од каква сака нека биде етничка припадност и од која сака нека биде политичка партија. Тоа што се случувало е повеќе од криминал, ова е би рекол масовно убиство кое што некој го дозволувал за пари, за мито, за корупција да се случи“, рече тој.

Мицкоски порача никој да не се обидува да игра на етничка карта, туку дека секој што се огрешил ќе одговара.

„Да им одговорам на оние што прават полноќни прес конференции, тука нема политика, ќе одговарате сите коишто сте се дрзнале на овој начин да водите политика, на грбот на граѓаните и на животите коишто овие деца ги изгубија. И нема да има милост, од дома ќе ги вадиме. Ако мислат дека ќе се обидат на етничка карта да играат и на политиканство како што вчера се обидоа, со тие полноќни прес конференции. Од дома, за уши ќе ги вадиме. Ова треба да го знаат“, дециден е Мицкоски.

Премиерот информираше дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа во земјава и рече дека и од тие 12 можеби некои не се валидни, со оглед на тоа дека лиценца се вади за една година.

-Вие сега можете да претпоставите колку клубови работат во државата, само 12 поседуваат лиценци и тоа од тие не знаеме кои се сеуште валидни, бидејќи на некои претпоставувам рокот им е изминат, бидејќи тие се со важност од една година, така што не очекува многу работа. Очигледно дека некои не си ја вршел работата и сега се обидува под наводно некаква политизација да ја затскрие криминалната работа што ја работел додека раководел со таа институција. Нема да има милост, тоа вчера го кажав и денеска ќе го повторам, кој сака нека биде. Кој сака нека биде, од која и е да е етничка припадност и од која сака политичка партија нека биде, тоа што се случувало е повеќе од криминал.  Ова би рекол е масовно убиство, кое што некој го дозволувал за пари за мито за корупција да се случи, нагласи Мицкоски.

На новинарско прашање дека дискотетката Пулс во која избувна пожарот, во кој загинаа 59 лица, а 155 се повредени, работела веќе 15 години низ кои се менувале повеќе влади и каде ќе се се лоцира одговорноста, Мицкоски одговори дека овој клуб само два пати извадил лиценца во 2021 и 2023 година.

„Цело време работеле или без лиценца, а прашањето е тие што му потпишале во ’21 и ’23 како му потпишале и врз основа на кои елоборати и документи му потпишале во ’24. Видовме како му потпишале, бидејќи на тоа архивско бројче на кое се води оваа фалсификувана лиценца е коресподенција со странски инвеститори. Тука повторно ќе кажам да им одговорам на оние што прават полноќни прес-конференции. Тука нема политика, ќе одговарате сите кои сте се дрзнале на овој начин да водите политика на грбот на граѓаните и на животите, кои овие деца ги изгубија и нема да има милост. Од дома ќе ги вадиме ако мислат дека ќе се обидат на етничка карта да играат и на политиканство од тие полноќни прес-конференции. Од дома за уши ќе ги вадиме и тоа треба да го знаат“, рече Мицкоски.

Коментрајќи ја оставката на градоначалникот на Кочани, Мицкоски рече дека градоначалникот имал доблест да си поднесе оставка, но дека одговорноста на општината во случајот со објектот е само во делот на комуналните инспектори.

„Објектот прво добил дозвола за градба, а потоа во 2014 година е дооформена таа парцела. Општината има ингеренции во делот на комуналните инспектори, односно да провери ако има тараса, дали таа одговора согласно елаборатот. Јасна е одговороста на институциите. Имаме фалсификувана лиценца за работа за кеш. Почекајте да видите што се ќе открие истрагата“, изјави Мицкоски.

Повтори дека прифаќа одговорност доколку тоа е желба на поединци, но дека тоа ќе го стори откако ќе ги порази сите оние што на криминален начин дозволиле да се случи ова.

„Ја прифаќам одговорноста ако јас сум проблемот во оваа држава и ако тоа е желба на некои поединци, но нема да го имаат тоа задоволство додека не ги поразиме сите оние што на криминален начин го направија тоа што го направија, а потоа ќе одиме на избори и граѓаните ќе кажат кој ќе сноси одговорност и кој ќе оди во затвор“, рече Мицкоски, кој заедно со министерот за здравство денеска ги посети повредените во пожарот во Кочани што се хоспитализирани на Клиничкиот центар во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ