„Извршивме увид на новоизградената градинка во село Ангелци, која претставува клон на главната градинка во Василево. Градинката ќе згрижува 53 деца до шестгодишна возраст и претставува втора установа од ваков тип во општина Василево“, објави Мицкоски на Фејсбук.

Тој додаде дека по преземените активности и дополнителни инвестиции од општината, обезбедени се сите потребни согласности и одобренија од Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика.
Додаде дека градинката од ноември ќе почне со работа и ќе ги згрижува првите деца.
„Се грижиме за нашите најмали, затоа што тие се иднината и силата на нашата држава“, нагласи Мицкоски.






