„Ова е настан кој веќе традиционално го собира народот од целата околина за да се прослави богатството на локалната земја и трудот на вредните земјоделци. Настанот беше исполнет со прекрасна енергија и дружење, имав можност да разговарам и со локалните производители кои што со гордост ја негуваат оваа традиција“, пишува премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.






