Тој ѝ порача на опозицијата доколку сакаат да бидат реална алтернатива на ова Влада, да го повикаат Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата.
„Но она што загрижува е фактот дека опозицијата сè уште не ја научии лекцијата и сè уште живее во оној свој паралелен свет, па никако не можете да слушнете, да речеме, да го повикаат Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата. И се чудам зошто во нивните прес-конференции, доколку сакаат и пледираат да бидат реална алтернатива на ова Влада, не можете да го сретнете името на Васко Ковачевски и да го повикаат исто така да се врати и да се соочи со правдата“, рече Мицкоски.
Очекува опозицијата да биде критичка и во своите редови и доколку поранешни високи функционери од претходната влада на СДСМ бидат опфатени во одредени прогони, да излезат на прес-конференции и да ги повикаат на одговорност.
„Очекувам од истата оваа опозиција да се однесува вака критички како што сега се однесува, кога имам чувство дека набргу високи функционери од предходната влада на СДСМ, поранешни премиери, председатели на влада, нивни блиски од семејството и така натаму, ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство. Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, исто така, ќе имаат вакви прес-конференции и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку истите тие ќе ги повикат да одговараат пред органите, односно да ја докажуваат својата невиност“, изјави Мицкоски.






