петок, 8 мај 2026

Мицкоски го покани новиот бугарскиот премиер Радев да ја посети Македонија

Одговарајќи на новинарско прашања дали официјално ќе го покани Румен Радев, новиот премиер на Бугарија, во посета на Македонија на средба на премиерско ниво, македонскиот премиер Христијан Мицкоски одговори дека не гледа причина зошто не би го сторил тоа. Не гледам причина зошто да не го поканам. Ако ова е поканата вака, еве го поканувам, изјави Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

Во врска со тоа дали очекува затегнување на односите откога денеска бугарското Народно собрание ја избра новата влада предводена од Радев, а предложена од партијата Прогресивна Бугарија, Мицкоски нагласи дека тој не рекол дека очекува влошување, туку дека не очекува подобрување.

„Сè додека има котиња од СДСМ, кои коленичат и кои ги распродаваат македонските национални интереси, не очекувам подобрување. Наместо да застанат со нас и да се борат за македонските национални интереси, овие котиња одлучија за жолтици да коленичат таму. Инаку, што се однесува до господинот Радев, кога победи, јас тоа утро му честитав, му се јавив да имаме успешни добрососедски односи. Се надевам дека со оваа влада ќе можеме да ги подобриме меѓусоседските односи, ќе може да разговараме за темите за кои треба да разговараме“, истакна Мицкоски.

Заканите на Бујар Османи ги разоткриваат вистинските намери, одговори премиерот Мицкоски на барањето да даде коментар за изјавата на Османи дека не треба да се дозволи да помине законот за правична застапеност во Собранието, дури и со употреба на физичка сила.

„Заканите на Бујар Османи само покажуваат кои се вистинските намери. Тоа е закон што е одобрен од страна на Венецијанската комисија дека ги исполнува сите меѓународни услови. Инаку, за делот од содржината на неговата изјава, јас немам што да кажам, претпоставувам дека тоа е тој фолклор што ќе го слушаме во периодот што следува. Ние имаме меѓукоалициски договор, законот е испратен во Собранието и очекувам што побргу да се усвои“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ