недела, 9 ноември 2025
Локални избори 2025

Менди Ќура го обвини опонентот за притисок врз граѓаните и врз вработените во администрацијата

Независниот кандидат за градоначалник на општина Струга, Менди Ќура, кој заедно со против кандидатот од Националната алијанса за интеграција (НАИ), Арсим Далипи одат во втор круг во трката за градоначалничката функција, денеска на прес-конференција се заблагодари за поддршката од граѓаните што ја доби во првиот круг од локалните избори и најави дека кампањата ќе ја продолжи со истата политичка култура и во наредните две недели.

Објавено на

часот

Сподели

„Со оглед на тоа што мојот опонент, кој повеќе пати упати јавен апел, не го одржува зборот и не се повлекува, ве информирам дека нашата кампања продолжува со истиот нов дух во актуелната политичка култура и во наредните две недели“, рече Ќура.

Тој обвини дека коалицијата на ДУИ – НАИ продолжила да ги користи своите стари методи, со уцена на граѓани, притисок врз директорите и вработените во администрацијата и купување гласачи, како и пазарење со партии како Левица.

„Иако е тешко кога се соочувате со структури како НАИ, производ на ниска политичка спојка. Две партии се стопија во едно тело, кршејќи го секој принцип и достоинство, само за да обезбедат еден мандат на власт и еден мандат сиромаштија за Струга. Сепак, политичките пазари и игри повеќе немаат моќ кај народот. Стружани повеќе не дозволуваат никој да си игра со нивната интелигенција и достоинство“, истакна Ќура кој е поддржан од коалицијата Вреди. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ